Албанскиот претседател Илир Мета преку објава на Фејсбук потсети на 8 август 1991 година кога околу 20.000 албански граѓани запоседнаа брод и стигнаа на италијанскиот брег, во потрага по слобода и надеж „покажувајќи му на светот за трагедијата и бедата на најугнетените и најизолираните луѓе на европскиот континент“.
Тој додава дека ова е ден на сеќавање, што „повикува на размислување и делување“ и нагласи дека „депопулацијата е најголема драма која и се случува на Албанија“.
– Бродот „Валона“, со сета симболика, буди силни емоции и живи спомени кои не навраќаат на тој ден и повикуваат на размислување и делување за голема човечка жртва, во чие име мора да работиме, за да изградиме подобра и достоинствена иднина за нашите граѓани, особено кога депопулацијата сега е најголемата драма што и се случува на земјата, пишува претседателот Мета во објавата на Фејсбук каде сподели фотографии од масовниот егзодус.
На 3 август тој го врати законот „За странци“. Во образложението аргументирано на 14 страници, шефот на државата изразува загриженост за ризикот од голем број апликации од странски државјани и обидот да се пополнат со нив празнините предизвикани од имиграцијата.
Реагираше и лидерот на опозицската Демократска партија, Љуљзим Баша, кој наведува дека пред 30 години Албанците побегнаа во обид да ги остават зад себе страдањата и трагедиите што тоталитарниот режим и ги нанесе на земјата.
– Езгодусот на Албанците и по 30 години продолжува и денес, тивок и болен, од диктатурата на корупцијата, која исто така ги убива надежите за подобра иднина. Оваа рак рана мора да заврши, а тоа може да се постигне само со казнување на корумпираниот и криминален модел изграден од овој режим, наведува Баша во објавата на Фејсбук.