Албанскиот претседател Илир Мета на Фејсбук напиша дека по парламентарните избори Албанија или ќе се врати на европските шини или ќе се претвори во источен проект.
Мета додаде дека 25 април, денот на изборите, е ден на враќање на демократијата.
– Првпат по 30 години, Албанија се соочува со голем прашалник: Или ќе се врати на европските шини каде што беше и од каде излезе или ќе се врати во источен проект, каде што беше повеќе од 50 години. Денот на изборите, 25 април е ден на обнова на демократијата, напиша Мета на Фејсбук.
Претходно, Мета изјави дека на 25 април ќе има референдум за смена на власта.
Тој додаде дека на 25 април ќе победи европската иднина на Албанија, која, по 30 години, со оваа власт е доведена во прашање и затоа „главните пречки во оваа иднина мора да се отстранат“.
Мета порача дека без сомнение, Албанија немала ниту еден друг голем проблем освен воспоставување на националниот интерес.