Албанскиот претседател Илир Мета упати официјално писмо до раководителите на државните институции, за „потребата од преземање на зголемени организациски мерки во вршењето на функционални должности, одговорно спроведување на важечкото законодавство и зголемување на будноста за периодот пред и по изборите“ што ќе се одржат на 25 април.
Тој исто така ги информира и најважните амбасадори во земјава, Дел Монако од ОБСЕ, Сореца од ЕУ и Ким од САД.
Претседателот Мета ги повикува сите институции да ги извршуваат своите должности „со висок интегритет и одговорност и да ги осудат вработените кои вршат правни повреди“.
Во писмото, наведува дека е целосно посветен да го следи одблиску функционирањето на државните институции за време на изборната кампања, до конечните официјални резултати од изборите.
Потсетува дека во минатото, во предизборниот и пост-изборниот период, биле констатирани негативни појави од различна природа, каде што најмногу била забележана апатија на функционирање на јавната и државната администрација.
-Во некои случаи, идентификувани се јасни дејствија за злоупотреба на јавна функција, со што се загрозува спроведувањето на важечкото законодавство, со последица на кршење на интересите на државата, кршење на човековите права и слободи, но исто така и намалување на квалитетот на услугите што им се даваат на граѓаните. Особено во институциите што ги раководите, овој специфичен период може да претставува високо ниво на ризик, за појава на незаконски дејствија или непостапувања, или откривање на негативни појави, за кои очигледно е потребен нивен третман и упатување, согласно соодветните законски одредби за административни или кривични санкции, стои меѓу другото во писмото.
Мета бара од институциите зголемување на одговорноста во овој период, со цел да се имплементира важечкото законодавство, но и да се преземат сите потребни мерки за надзор, функционирање во јавната и државната администрација.вт
-Барам доследно исполнување на должностите од страна на структурите на институциите и искажувам поддршка да се преземат сите неопходни мерки за почитување на законската рамка што е во сила и да се стави пред индивидуална одговорност, административна или кривична, секој кој ќе го прекрши законот, порачува Мета.