Албанскиот претседател Илир Мета, кој денеска престојуваше во Елбасан по повод патронот на познатиот манастир „Свети Јован Владимир“, по свечената литургија, одговраше на новинарски прашања, меѓу кое и тоа дали ќе биде претседател до 24 јули 2022, кога му завршува мандатот.
Тој им предложи на новинарите да се занимаваат со поважно прашање, како што е, според него, кражбата на изборите на 25 април.
– Не сакам да зборувам на едно вакво свето место за прашања кои не постојат. Собранието во последните две години беше без опозиција, што е повеќе од неуставно. Ако сакате да се справите со нешто сериозно, справете се со прашањето за изборнот криминал на 25 април и по овој датум, рече тој.
Според него во демократска земја, граѓаните мора да бидат сигурни дека нивниот глас е безбеден, а еднаквоста пред законот е загарантирана кога гласањето е слободно.
– Кога некои гласаат неколкупати, а на некои им е ускратено правото на глас, тоа не е демократија. Кога гласот не може намерно да се поништи и кога гласот е најважната работа што ја имаат граѓаните, тоа е демократија. Ова е важно прашање, други прашања не вреди да се споменуваат, рече тој.
На прашањето дали се помолил да не биде разрешен од функцијата, рече дека „неговата молитва била Бог да им прости на оние кои не знаат што прават“.
– Нема такво нешто. Молитвата до Бога е да им прости на сите оние кои не знаат што прават и да ги насочи по патот на општото добро. Верувам дека ова е многу јасен одговор. Дојдов овде да се придружам во оваа порака, на соживот во овој прекрасен манстир кој дури и по толку векови, собира толку многу луѓе и заедно да се помолиме за здравје, благосостојба и радост во секое семејство, изјави Мета.