Единствената промена на границите за што мораме да работиме деноноќно во нашиот регион, е целосно проширување на европската граница кон Западен Балкан, порача денеска од Вашингтон албанскиот претседателот Илир Мета.
– Берлинскиот процес никогаш не беше изготвен да го замени европското проширување, туку беше замислен како стимулативен механизам за посуштински европски инвестиции и соработка во нашиот регион. Европското обединување и проширување се случи без оглед на сомнежите или двоумењата кои отсекогаш биле присутни, рече Мета во обраќаето на Форумот „Трансатлантска лидерска мрежа“.
Тој зборуваше и за визната либерализација за Косово со земјите на Европската унија.
– Би сакал да се задржиме и да се фокусираме на мудрата и храбра одлука на ЕУ за што поскоро спроведување на безвизен режим за косовските граѓани, и воопшто, за брзиот процес на зачленување на целиот регион во ЕУ, посочи Мета.
Во Вашингтон Мета се сретнал и со членови на Советот на амерканските амбасадори, при што ги запознал со случувањата во Албанија и „посебно со последните процеси во регионот на Балканот“.
Тие ја прифатиле поканата да ја посетат Албанија со „цел промоција на земјата и зацврстување на пријателството и добрите односи меѓу двете земји“