Претседателот Илир Мета денеска ги повика албанските граѓани да гласаат на изборите на 25 април. Преку видео запис на Фејсбук, шефот на албанската државата нагласи дека граѓанинот кој нема да гласа,  нема морално право да се жали на последиците од управувањето или непочитувањето на неговиот глас.

-Секој граѓанин кој не гласа, морално нема право да се жали на последиците од управувањето или непочитувањето на неговиот глас. Многу е важно албанските граѓани да бидат свесни дека во демократскиот систем, моќта на секој граѓанин е неговиот глас. Ова е моќ што тој мора да ја покаже и во која мора да има верба, наведува Мета.

Смета дека гласањето е сила и ги повикува граѓаните „да имаат доверба и да се упатат кон гласачките кутии“, затоа што, според него, секоја демотивираност, секоја рамнодушност, без сомнение не е во полза не само за демократијата, туку и за самиот граѓанин.

Според него 25 април ќе биде гласот на граѓаните кои ќе одлучат со нивниот глас за унапредување на демократијата.

-На 25 април ќе одлучат гласовите на граѓаните, а не сталинистичкиот принцип „не е важно кој ќе гласа, ние броиме“. Вашиот глас избира, вашиот глас казнува, вашиот глас ја унапредува демократијата, ја подобрува и зајакнува татаковината, порачува Мета.