Металург загуби од Чеховски Медведи со 13 голови разлика

/ 06.02.2021

Ракометниот клуб Металург загуби кај  рускиот Чеховски Медведи со 40-27 во рамките на Европската лига на ЕХФ.

Екипата од Автокоманда гостуваше со преполовен состав поради Ковид-19, па проблемот со ротацијата и далеку поголемиот квалитет кај ривалот го направија своето.

Металург на гостувањето во Чехов имаше на располагање само 11 ракометари.  Многуте грешки во играта, му дозволија на тимот на Чеховски Медведи да се одлепи и уште во првото полувреме да го реши прашањето околу победникот.

Најдобри кај Металург беа Хорват, Поповиќ и Рниќ кои постигнаа шест гола.. Кај Чеховски Медведи, Котов и Ермаков имаа по осум погодоци.

Металург по четири одиграни средби во Европската лига на ЕХФ нема победа. Настапите во еврокуповите македонскиот тим ги продолжува во Полска, каде на 14 и 16 февруари го чека двомеч со Висла Плок.


Од истата категорија