Цената на метар квадратен во „Белград на вода“ во вториот квартал годинава достигна 9.125 евра, што го прави најскап во Србија.

Во Србија, во вториот квартал годинава, највисоки цени на становите се забележани во Белград, каде што најскапиот стан е продаден по цена од 9.125 евра за метар квадратен, на локацијата „Белград на вода“.

Највисоката сума одвоена за стан е 955.000 евра, колку што е платена за стан со површина од 145 метри квадратни на истата локација, соопшти Републичкиот геодетски завод (РГЗ). Најскапата куќа е продадена во белградската општина Савски венац за 1,5 милиони евра, додека најскапиот паркинг простор во вториот квартал е платен за 60.000 евра.