„Како што знаете јас сум назначен за вршител на должност на оваа функција веќе неколку дена. И поради тој факт јас ова финансиско работење што го имам, и е пред вас, не би можел и не е чесно да го коментирам, се додека не се направи една ревизија која ја најавувам од оваа седница на Совет. И каде што ќе може да се види зошто и како се трошени овие финансиски средства“, истакна Јане Мицевски, директор на „Дрисла“ на денешната седница во Советот на Град Скопје.
Мицевски додаде дека она што тој може да вети пред Советот и пред граѓаните на Скопје е Јавното претпријатие депонијата „Дрисла“ ќе се вложи максимално да работи транспарентно пред се.
„Потребно е да се откажат сите непродуктивни расходи, да го вратиме сјајот во работењето како што било и во некои подобри времиња. Тоа е она што јас можам да го ветам“, нагласи Мицевски.
Мицевски посочи дека за сето она што претходно е тема на разговор денес најавува ревизија на финансиското работење.
Во ЈП Дрисла се трошело како да нема утре, директорот трошел како да се спремал дека ќе ја напушти функцијата бидејќи и од најголеми ставки до најситни ставки разликите на сумите се фрапантни. Целокупното работење на претпријатието треба да биде анализирано и ставено на предмет на ревизија за да не се дозволи повеќе да има фрапантни расходи во трошоците, изјави советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Владимир Нелоски.
Нелоски во своето обраќање на денешната седница на Советот ги соопшти огромните разлики во трошоците и неразумното трошење на ЈП Дрисла.
– Само за потрошен материјал за одржување за 2020 година потрошиле 3,4 милиони денари, додека во 2021 потрошиле 6,4 милиони денари. Трошоци а резервни делови материјали гуми сумата се зголемила 3 пати, трошоците за ситен инвентар се зголемиле околу 2,5 пати, од 14, на 3,5 милиони денари. Одржувањето на веб страната има зголемување за 6 пати за одржување, за тековно одржување на објект двојно повеќе поголеми трошоци. Трошоци за софтверот е зголемен 3 пати, додека пак хардверот само 20% повеќе во однос на 2020 година., рече Нелоски.
Тој посочи дека за Да се продолжат недоследностите ова претпријатие за трошоци за интелектуални услуги има потрошено двојно повеќе од планираното, а за правни адвокатски и нотарски услуги, исто така двојно повеќе а повисоки се и судските трошоци.
– Кога сме кај вработувањата во ова претпријатие се драстично зголемени, а само по основ на бруто плати споредено со минатата година потрошени се повеќе 5 милиони денари, а трошоците за привремени вработувања се зголемиле од 4,8 на 6,4 милиони денари, изјави Нелоски.