Почитувани,
Коалицијата на дело и во опозиција, ДУИ и СДС во брак против животите и безбедноста на граѓаните.
СДС и ДУИ, коалицијата Али и Венко денеска заедно на дело во Собранието гласаа против проектот безбеден град. Коалицијата СДС и ДУИ се покажа на дело и во опозиција. ДУИ и СДС направија брак и во опозиција и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните.
Денеска тие јасно застанаа против проектот Безбеден град.
Денес тие гласаа против измените на Законот за прекршоци кој овозможува функционирање на овој проект за почеток во Скопје, Куманово и Тетово, а опрема е поставена и по Коридорот 8 и 10.
Низ факти да илустрирам за што сè се против СДС и ДУИ.
Тие се против намалувањето на сообраќајни несреќи, повреди и смртни случаи во сообраќајот.
На први октомври кога стартуваше пробниот период камерите во Скопје регистрирале 110.000 прекршоци од кои 90 проценти за брзо возење. Само за еден ден од функционирање на системот или на втори декември, бројката се намали дупло на околу 50 илјади прекршоци.
Потоа, во првите осум месеци од 2025 година, во сообраќајни несреќи низ земјава загинале 91 лице или по 11,3 луѓе месечно. Во 2024, бројот на жртви на патиштата бил 142 лица или по 11,8 изгубени животи месечно.
Сега бројката на смртни случаи е намалена од 11 на 2 смртни случаи во декември 2025 и јануари 2026-та.
СДС и ДУИ уште еднаш покажаа на дело дека не знаат да застанат зад политиките во корист на граѓаните, конкретно сега за безбедноста на граѓаните.
Со овој потег овие две партии и покрај казната од граѓаните на изминатите избори тие не знаат да се надминат себе си и да работат во корист на граѓаните.




