Луѓе на Зоран Заев се кандидати на Венко Филипче, истата матрица само различни луѓе, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, од која објавуваме интегрален текст:
Кандидатите на СДС за градоначалници со амин од Филипче, се продолжена рака на Заев.
Заев се уште владее во СДС, а Филипче е само обична фигура која нема право на глас и прави се како што Заев ќе му каже.
Доказ за тоа е кандидирањето на Мартин Костовски во Куманово, кој важи за близок соработник и функционер на СДС со Заев.
Човекот кој беше директор на службен весник, пратеник во Собранието, а сега и организационен секретар на СДС, се е тоа благодарение на тоа што му е послушник на Заев. Како ќе каже Заев, така Костовски прави.
Филипче во целата приказна е само претседател на хартија, кој предлог кандидатите за градоначалници мора да ги испорача во знак на благодарност кон Заев.
Затоа и овие кандидати се луѓе кои се синоним за неспособност и пораз во првиот круг на локалните избори.“