Според лидерот на републиканците во американскиот Сенат, Мич Мекконел, шансите неговата партија да ја преземе контролата врз Горниот дом на Парламентот по изборите во ноември е 50 спрема 50.
Тој додаде дека Сенатот ќе остане длабоко поделен, без оглед на исходот од изборите.
Мекконел нагласи дека ако републиканците освојат мнозинство во двата дома, Конгресот ќе најде начин да соработува со претседателот Џо Бајден.
Според анкетите голем број републиканци сега веруваат во тврдењата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека изборите во 2020 година биле наместени.
Меконел коментира дека ова се случува понекогаш, но демократијата е стабилна и додаде дека нема да се грижи за ова прашање во однос на сите други проблеми.