Мицкоски побара од Заев интервентен откуп на грозјето и 10 милиони евра за лозарите

/ 02.10.2020

Бараме од Заев интервентен откуп и 10 милиони евра за лозарите, да го исполни она што го ветуваше во 2016 година!, пишува на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Денеска во Собранието на Република Македонија се оддржа јавна расправа во врска со состојбата со откупот на грозјето, по иницијатива на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Бараме од Заев интервентен откуп и 10 милиони евра за лозарите, да го исполни она што го ветуваше во 2016 година!

Потпретседателот Александар Николоски, и нашиот колектив, во кампањата зборуваа дека зелената мафија царува во Македонија и ја јаде маката на македонските земјоделци!

Тогаш беше тешко и тажно да се гледа како се откупува еден килограм краставици за пет денари.

Овие денови, уште потешко и потажно е да се гледа како се откупува еден килограм грозје за еден ипол или два денари!, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во својата објава.

Денеска во Собранието на Република Македонија се оддржа јавна расправа во врска со состојбата со откупот на грозјето, по…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Freitag, 2. Oktober 2020


Од истата категорија