Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати апел до јавноста и граѓаните преку донации да се вклучат во обезбедувањето пари за лекување на 18-годишниот Леонид Индов, кој е во Виена, Австрија веќе две недели на лекување.
Овој пат зборувам како родител и обичен граѓанин. Правото на живот е загарантирано за секого. Ако институциите не можат да го решат проблемот со малиот Лео тогаш ние како граѓани да се вклучиме, да бидеме хумани и да помогнеме! Да му помогнеме на Лео.Затоа ве повикувам сите да донираме, објави Мицкоскии на социјалните мрежи.
Младиот Леонид Индов се повреди минатото лето по што беше врзан за болничка постела неможејќи да се движи, а дише со помош на респиратор. Тој е првиот пациент што беше превезен на лекување во странство со помош на новиот медикоптер на МВР. Две недели по заминувањето во Виена, од Фондот за здравствено осигурување велат дека нема да го платат лекувањето на Индов бидејќи тој бил на рехабилитација, а не на лекување. За лекувањето на Индов се потребни 180 илјади евра.