Да сигурен сум дека ќе освоиме 61 пратеник, ако сега имаме предвремени парламентарни избори денеска да почне процедурата јас ви гарантирам дека ВМРО-ДПМЕН и коалицијата ќе имаме точно 61 пратеник, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМЕН во интервју во емисијата „Топ тема на Ваша страна“ на телевизија Телма.
Претседателот Мицкоски, вели дека иднината на Македонија ќе се крои врз основа на потребите на граѓаните и затоа бара предвремени парламентарни избори.
Ние ќе ја кроиме иднината на нашата Македонија врз основа на потребите на граѓаните и затоа бараме предвремени парламентарни избори, затоа што ние нема да дозволиме иднината да се крои во Мала Речица, рече тој.
Мицкоски нагласи дека СДСМ бегаат од избори бидејќи одредени луѓе во партијата се свесни дека никогаш повторно нема да го уживаат раскошот платен од парите на граѓаните, додека пак ДУИ затоа што никогаш пак нема да бидат поголем фактор од тоа што се денес во владата на СДСМ.
И тоа е причината зошто ниту ДУИ, ниту СДСМ не сакаат избори. СДСМ го разбирам има луѓе кои што никогаш повеќе ќе ги немаат тие привилегии и сега тие викаат па не сум будала да одам на парламентарни избори кога јас повторно ќе можам да уживам во овој раскош што мене граѓаните ми го плаќаат. А од друга страна ДУИ си вели па никогаш ние нема да биде поголем фактор од ова што сме денеска, изјави Мицкоски.
Тој потенцираше дека следите чекори на ВМРО-ДПМНЕ во однос на најавената активна блокада ќе биде во интерес на граѓаните бидејќи не се сите исти, но лоша за криминалната коалиција на власт СДСМ и ДУИ, порачувајќи дека ќе треба да одговорат за многу прашања.
-Да одиме чекор по чекот. За граѓаните нема да биде страшно, за овие политичари од власта и коалицијата СДСМ и ДУИ мислам дека ќе биде страшно и ќе треба да одговорат на многу прашања, вели Мицкоски.
-Ние бевме многу внимателни и чекавме долго време после локалните избори, поминаа неколку месеци, чекавме 100 дена да поминат, излеговме заедно со народот во една кампања, каде што велевме промените продолжуваат и разговаравме со илјадници граѓани, тимови од партијата разговараа и безусловно 90 проценти од граѓаните и тука нема етничка припадност ни велеа зошто сте толку мирни, дури имаше и некои фини господа кои што велеа, да ве разбираме зошто сте толку мирни сега ги добивте општините, овие ја имаат владата, значи сите сте среќни, си го крадете народот здружно и немате никаков проблем, сите сте исти. Но, не е така не сме сите исти, порача Мицкоски.