Разговарав со директорот на Инспекторат за употреба на јазици, Арсим Идризи, му ја посочив грешката и не очекувам да ја повтори истата грешка. Ако се случи такво нешто, во истиот момент ќе биде разрешен.
Ова го изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Идризи ќе биде разрешен или ќе помине само со опомена, откако одби на новинарите да им се обрати на македонски јазик, туку говореше само на албански јазик.
Кога новинарите побараа изјавата да ја пренесе и на македонски јазик, бидејќи, во спротивно, еклатантно го крши Законот за употреба на јазивите кој треба да го штити, тој рече дека според истиот тој Закон за употреба на јазиците треба да добие и преведувач.