Итни мерки за бизнисот, за полесно да се справи со енергетската криза. Владата да ги смени приоритетите и економијата, односно стопанството, да биде во фокусот, побараа првите луѓе на Стопанската Комора и ВМРО ДПМНЕ. Енергетската криза ќе потрае, а за да се справиме ќе требаат многу пари. Пари кои во буџетот ги нема
„Струја има, но прашањето е дали ние имаме доволно пари да ја купиме таа струја. И енергетската криза во еден момент ќе стане економска криза. Јас пресметав и тоа го образложив на овој состанок дека под услов да работат трите блока во РЕК Битола, да работат двете турбини во Неготино, хидроцентралите и ТЕЦ Осломеј, ние дневно во одредени периоди ќе трошиме по половина милион евра за набавка на електрична енергија која што ќе недостасува. Затоа што ние нема да можеме да произведеме 1.400, 1.500, 1.600 мегавати, онолку колку што и се потребни на Македонија. Ние зборуваме само за оној конзум кој што го има ЕВН Хоме. Ние не зборуваме за стопанството кое што е оставено да се справува самото со себе“, појасни Мицкоски.
Дотраените енергетски капацитети и инвестициите кои со години ги нема во истите, се една од причините за недостиг на електрична енергија. Ако се работело домаќински, според Мицкоски, немаше да бидеме во ваква состојба. Договорената количинина што Бугарија ќе ни ја даде е добар чекор, но само ако се насочи за индустријата. Сепак, одредени пречки за испорака ќе има. изјави Азески
Бизнисот неколку пати алармираше дека е пред колапс. Сметките за струја им се 5 пати повисоки во споредба со истиот период лани. Бараат државата да им субвенционира дел од тропшокот, за да го преживета зимскиот период. Во спротивно – најавија клуч на врата и отпуштање на вработените. Владата веќе крои пакет мерки за да им помогне. Што ќе им испорача, ќе се знае наредната недела