Од денес во наредните два дена ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ и КАС одржуваат обука за кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на ИК на партијата на тема одржлив локален развој за подобра иднина.

Обуката ја отвори претставникот на КАС за Македонија Даниел Браун и раководителот на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ Светислав Васев.

Свое обраќање на настанот имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија Христијан Мицкоски, кој пред присутните кажа дека ВМРО-ДПМНЕ очекува огромна победа ма локалните избори ан есен, која ќе значи поголем број на општини, потенцирајќи дека тенденцијата е СДС да остане и без ниту една општина.

Мицкоски кажа дека Македонија забрзано се трансформира, во таа насока кажа дека бројот на туристи во државата се зголемува, индустриското производство расте, бројот на капитални инвестиции и одобренија за градби е зголемен.

Мицкоски истакна дека цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е да го заврши овој мандат со номинален БДП на Македонија од над 20 милијарди долари, тоа ќе значи посилна економија и побогати граѓани, а кон тоа ќе придонесат сите инвестиции, како државни, така приватни, но и странски, а кои се случуваат заради подобрата бизнис и политичка клима.