Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата Анализа на ТВ 24 вели дека не ја прифаќа тезата дека доколку ВМРО-ДПМНЕ е за Европската унија тогаш мора да гласа за уставните измени.
Што се однесува до патот не прифаќам теза ако сте за Европска Унија, тогаш гласајте уставни измени. Тоа не, дециден е Мицкоски.
Мицкоски посочи дека претходно кога власта носела договори не и беше важно што мисли ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, но кога им требаат за уставни измени тогаш им е важно ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека доколку го слушаа ВМРО-ДПМНЕ тогаш немаше државата да се најде во оваа ситуација.
Сега важно ви е ВМРО-ДПМНЕ, но каде бевте кога ги носевте овие договори и ни мавтавте овде во државата, а притоа ВМРО-ДПМНЕ ви се нудеше и притоа волја на граѓаните неколку месеци претходно на локалните избори беше јасна дека треба да има предвремени избори и дека треба да има промена на владата во Македонија. Тогаш сето тоа вие го изигнориравте, и сега наеднаш ви е важно ВМРО-ДПМНЕ. А не најдовте ниту 5 минути да го сослушате ВМРО-ДПМНЕ, за да видевте што ВМРО-ДПМНЕ мисли, рече Мицкоски и додаде:
-Затоа што ако тогаш го сослушавте ВМРО-ДПМНЕ, ние немаше да се најдеме во оваа ситуација, бидејќи ќе дојдеше нов предлог после францускиот, вели Мицкоски.
Што се однесува до случувањата во М НАВ, тој истакна:
„Дали претседателот на огранокот на ДУИ кој со седум свои истомисленици упадна во стратешки објект кој го чува небото на земја членка НАТО алијансата е про НАТО. На македонската политичка сцена има многу спротивности и многу работи кои се кажуваат а во пракса поинаку се случуваат“.
Тој посочи дека како држава сме определени со стратешки цели за НАТО и ЕУ.
„Ние како држава сме се определиле стратешки и имаме стратешка цели едната е НАТО другата е ЕУ. Но имаме и други елементи за кои треба ние да се бориме кои се поврзани со реализирање на овие стратешки цели а тоа е владеење на правото итн. Но за жал ние на отворена сцена гледаме дека добивме забелешки од претставници на меѓународна заедница и не само што не сме на висина на задачата туку и напротив сме очајни.“, заклучи Мицкоски.
Мицкоски запрашан за европскиот фронт на СДС и ДУИ, потенцираше дека не може европски фронт да биде тој кој што влегува во македонска навигација и шамара вработени и го загрозува небото на земја членка на НАТО.
Европски фронт ли е тој што упаѓа во македонска навигација, што шамара вработени и што го загорзува небото на земја членка на НАТО, рече тој.
Во однос на изјавите на Димитар Ковачевски дека влада ќе направи СДСМ, Мицкоски нагласи дека Ковачевски и во минатото и сега кажува многу работи, но не може да се сети која од тие работи излегла точна.
Ковачевски кажал многу работи па ретко можам да се сетам која од тие работи излегла точно. Тие претпоставувам реферираат на онаа алузија која што во јавноста беше позната како СДСМ, ДУИ, Алијанса и сите партии. Да претпоставиме ситуација на 8ми мај дека овој така наречен европски блок чека резултати, и на тие резултати кандидатот за претседател на тој блок губи, победува тој на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ ги победува овој блок, и ВМРО-ДПМНЕ математички може да направи 61 пратеник со некои други политички партии, што ќе се случи тогаш, праша Мицкоски и додаде:
Опасна е оваа игра која што ја играат затоа што повторно создаваат етничка поларизација. На овој начин етнички се поларизира, од една страна Македонците и останатите, од другата страна небитен политички субјект и Албанците. Ќе бидат поразени, верувајте.