Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук во врска со големиот број македонски граѓани, кои од рано утрото се упатија кон Србија за да се вакцинираат против коронавирусот.

„Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа покажува и колку народот им верува на властите кои најавија вакцини за утре.

Државата постои за да им служи на граѓаните, само кај нас државата постои за да биде крадена од власта.

Македонија живее полоши години од деведесеттите, стигнавме до таа точка народот сам да се снаоѓа и бори за живот, кога веќе тоа не го прави Владата. Порака до власта: погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам. Ова нема да се заборави, одговорност ќе има“, напиша Мицкоски.

Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа…

Posted by Hristijan Mickoski on Сабота, 27 март 2021