На денешниот протест пред Владата, Христијан Мицкоски упати пораки и до Бугарија:
„Ако мислите дека измисливте, пронајдовте и поддржавте квислинг и квинслиншка влада овде во Македонија, се лажете. Ниту тој квинслинг ниту оваа квилслиншка влада од нашата колективна меморија, од нашите срца ќе ја избрише улогата, ликот и делото на Даме, на Гоце, на Питу, на Хаџи Арсов, Хаџи Николов, Поп Арсов, затоа што тие се бореа за нова, современа македонска држава”, рече Мицкоски повикувајќи ги при првата посета на Скопје, пред споменикот на паднатите борци од народно ослободителната борба, како што рече, да клекнат и да му се извинат на македонскиот народ за тоа што му го направиле.
„Затоа оваа порака ја упатувам до политичарите кај нашиот источен сосед. Наместо да велите дека Мицкоски предводи анти-бугарска хистерија во Република Македонија, најдобро би било да дојдете овде при првата посета недалеку од зградата на Владата, пред оној споменик на паднатите борци од Народноослободителната борба, да клекнете, да го следите примерот на Вили Брант и да се извините на овој народ тоа што сте му го направиле, ова е вашата последна шанса. А јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ предводам македонска хистерија и нема да престанам да ја ширам таа македонска хистерија,“ додаде тој.