Најголемиот македонофоб, Андреј Ковачев, лично ме напаѓа, а јас никого не мразам во животов. Јас ги почитувам сите наши соседи, сите народни кои не опкружуваат. Кога Ковачев, Каракачанов како македономрзци, ќе сфатат дека постоела македонска нација, постоел македонскиот народ, колективната меморија на македонскиот народ која е од многу порано од тоа што они мислат, тогаш ние ќе можеме да градиме пријателски односи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Штип.

Овој македонски народ постоел, кажа Мицкоски, и пред Илинден, и за време на Илинден и после Илинден.

„Македонскиот народ постои денеска и ќе постои во иднина, колку тоа да не сака да го признае македономразецот Ковачев кој за жал е дел од европарламентот, и треба да промовира европски вредности. Тој треба да бара одговор на прашањата и да се извини за политиката која ја гради кон Македонија, тој треба да дозволи да ги отпочне преговорите Македонија со ЕУ, бидејќи овој народ секогаш бил на страна на вистинските европски вредности“, рече Мицкоски.

Реалцјата на Мицкоски доаѓа по изјави европратеникот од ЕПП, Андреј Ковачев, пренесена од БГНЕС, по даденото интервју на опозицискиот лидер за неделникот „Фокус“.

„Додека Зоран Заев, Стево Пендаровски и Никола Димитров се во обиколка на европските метрополи, се жалат против Бугарија, Христијан Мицкоски директно бара поништување на Договорот за добрососедството. Вистината е дека тој и неговиот претходник, Никола Груевски, отсекогаш биле против неговото потпишување“, вели Ковачев.

-Долго време имав дилема кој од нив е поголем бугарофоб, но долго време знам дека има јасен победник на ова натпреварување и ова не е бегалецот во Будимпешта. Мицкоски мора да признае дека, за разлика од многу други тамошни политичари, кои зборуваат едно приватно, друго пред медиумите, тој е многу јасен, прецизен,, искрен и доследен … во неговата омраза кон сè што е бугарско. Вистински шампион на антибугаризмот! Злобните јазици ќе најдат еквиваленти само меѓу српските четници од почетокот на 20 век, против кои се бореше ВМРО, додаде Ковачев.