МИЦКОСКИ ДО КОВАЧЕВСКИ: Ќе одговарате за секој украден денар!

/ 12.05.2023

Сакам да му порачам на Ковачевски, не мачете се и престанете да ја тонете Македонија, дајте си оставка. Оставка на цела Влада!
Прифативте улога со која не можете да се носите.
Немавте храброст за дебата кога зборувавме за договорот за Коридорот 8 и 10, барем имајте храброст да се потпишете на вашата оставка.

Оставка за да не го загубите достоинството, ако барем и малку ви преостана.

Но, ниту една оставка нема да ви биде бегство од одговорноста која следи. Ќе одговарате за секој денар и ќе ве гони правдата се додека не го вратите и последниот украден денар.

За ова го имате мојот збор!, пишува во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.


Од истата категорија