Денеска сме овде во Прилеп да поразговараме за исклучително лошата состојба во која што се наоѓаат тутунопроизводителите, тутунарите. Луѓето кои што практично со тешка мака ги прехрануваат сопствените семејства, а она кое што оваа година го прави нивниот живот уште потежок е би рекол тутунот кој што ќе остане непродаден. Повеќе од 4.000 тони тутун ќе остане оваа година непродаден, неоткупен поради тоа што минатата година Владата на СДСМ и Зоран Заев дозволи да практично да се увезува тутун во Македонија, наместо да се откупува домашниот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Исто така она кое што сакаме да го слушнеме од прва рака е ниската откупна цена која што во овој крај, во Прилепско, во Долненско е исклучително е би рекол ниска, како никогаш досега, пониска била само можеби во 2005-тата година, исто така кога СДСМ беше на власт. Од информациите со кои што располагам, не само овде во Коњаре, во Големо маало, таква ситуацијата е и во Дебриште, така е и Црнилиште, така е и во Канатларци, буквално насекаде тутунарите во овој крај во Прилепско, во Долненско се разочарани од политиките кои што се денес секојдневие. Ние како ВМРО-ДПМНЕ предложивме дуплирање практично, зголемување двојна на субвенцијата која што ја добиваат тутунарите. Тие тоа го побараа од нас, а ние како опозиција го побаравме од Владата, но за жал немаше слух од Владата за таков потег. Исто така побаравме да биде укинат овој Закон кој што дозволува да се увезува тутун, но за жал и тоа не беше предвидено. И гледам денеска дека е предвидено од прилика некаде едно евро субвенција за еден килограм тутун што значи дека не може да се покрие ниту оној кој што остана непродаден, а камо ли па за нешто повеќе. Навистина тешка ситуација, со која што ние како политичка партија, како опозиција, како најголема политичка партија ќе бидеме на страната на тутунарите и ќе продолжиме да работиме во нивен интерес. А, следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе го укине овој Закон со кој што се дозволува пред да биде откупено целото количество на тутун кој што го произведуваат тутунопроизводителите, тутунарите од Македонија, да се увезува од надвор, односно од странство тутунот во Македонија, истакна Мицкоски.
Така што еве денеска ќе разговараме и од прво лице ќе слушнеме она кое што ги мачи, а потоа во Парламентот како пратеничка група ќе дејствуваме, ќе им помогнеме на овие луѓе во рамките на можностите, додаде тој.