Премиерот Христијан Мицкоски ги пречека лидерите од регионот.

„Вечерва имав чест да сум домаќин на лидерите на државите од Западен Балкан и ЕУ. Скопје е домаќин на важен настан, и оваа прилика ја користиме за лобирање за македонските интереси и политики“, напиша Мицкоски на Фејсбук.