Денес гледам дека и власта ја прифаќа обновата како термин, и тоа е добро, мене тоа ме радува, иако тоа не ги амнестира од одговорност за разрушувањето кои и го направија на Македонија.
Воедно морам да прокоментирам дека меѓу посетите на терен и средбите со граѓани погледав спот на власта каде што ги плашат луѓето дека ако не гласате за Заев ќе се врати времето на Бранко, со снимки од транзицијата и извадоци на весници од тоа време. И додека тие се споредуваат со времето пред 5 години, па и со Љубчо или она време на Бранко, сакам да порачам дека ова е ВМРО кое ги надраснува нивните престави за политиката. Ова е ВМРО кое ќе покаже дека научило од грешките и дека знае да ја цени довербата, а спотовите каде Заев се споредува со Бучковски се полн погодок, затоа што тоа се споредби со минатото каде Заев и тие околу него припаѓаат, во тоа транзициско друштво, во тоа минато. А, на народот тоа што вистински му треба е обнова, обнова на достоинството, враќање на гордоста и повеќе пари.
Ние тоа ќе го донесеме. ВМРО-ДПМНЕ нема да живее во минатото туку ќе работиме и заедно ќе создаваме за иднината. Македонија ќе ја исправиме и кренеме над сите порази, неправди и предизвици.
И сосема на крај, и во лагите требаат да имаат мера. Гледам велат над 90 проценти исполниле од нивната програма. Нема да навлегувам дека програма на овие избори од СДСМ не видовме, ама ако навистина се 90 проценти, тогаш требаше да имаме 500 евра просечна плата, 90 проценти од 500-те километри автопат кои ги ветија да бидат готови, за 90 проценти да имаме почист воздух, докторите да имаат близу 100 илјади плата, за 90 проценти да се подобри во испорачувањето на правдата и борбата против корупцијата. Имаат ли овие луѓе срам!?
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ