Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред Владата го пречека косовскиот премиер Албин Курти.
Како што соопштија од владината прес-служба, предвидена беше тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти, а потоа и билатерална средба на која покрај премиерите ќе присуствуваат и владини делегации од двете страни.
По средбата Мицкоски и Курти ќе одржат заедничка прес – конференција во Медија центарот на Владата.
Се очекува меѓу темите на разговорите да стане збор и за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром.
Фото: МИА/Принтскрин