Александар СТОЈКОСКИ, градоначалник на општина Ѓорче Петров
И вечерва, традиционално на Бадник, во нашиот храм Св. Петар и Павле, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, присуствувавме на светата литургија.
Во духот на Христовото раѓање, упатувам искрена честитка до сите верници – нека Бадник и Божик ви донесат мир во срцата, здравје во домовите и радост во семејствата.
Празниците нè потсетуваат дека сме најсилни кога сме заедно – со почит, разбирање и меѓусебна поддршка.
Нека ни биде благословена оваа света ноќ и нека ни биде исполнета годината со слога, добрина и човечност.














