Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека се ближат изборите и дека доаѓа крајот на актуелната власт, а дека уставни измени нема да има.
Претседателот на најголемата опозициска партија уверува дека доколку дојде на власт ќе бара одговорност за злоупотребите што ги прави актуелната власт.
„Доаѓа крајот, доаѓа крајот за овие луѓе кои 6 години ја омаловажуваа и крадеа Македонија, а по крајот доаѓа соочувањето со реалноста. Еден дел ќе избега, претпоставувам, затоа што имам такви информации кои се пакуваат“, изјави Мицкоски.