-Јасно е дека паѓаат. Тие може да водат само на анкета напишана во штабот на СДС инаку каква е вистината тие се под својот минимум како структура. Немаат никаква поддршка, а членството им е разочарано. Но и кога се поразени тие дополнително се валкаат и во срамот уште повеќе заглибуваат. Оваа влада преку одбегнување да се договори датум за избори оди кон свесно предизвикување на уставна и политичка криза, истакна денеска лидерот Христијан Мицкоски.

-Срамота е што преку медиуми се договараваме и лиферуваме датуми за редовни избори. Разбирам дека Ковачевски велат никој не го слуша во владата, зошто ниту министрите, ниту вицепремиерите, а ниту кај него во партија му имаат почит. Затоа човекот е оддаден на шетање по светот, ручеци по компании и закуски, но мора да се договори датум за редовни избори. Нека земе бел лист хартија нека напише било кој датум сака помеѓу двата најголеми верски празници идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори на еден трошок. Ќе доживеат жесток пораз и тежок дебакл од народот. Народот треба масовно во огромен број да им ја прати пораката на овие избори – нема играње со народот. Народот е посилен од секоја тесна клика и елита која си игра со судбината и ја одзема иднината. Доаѓаат промени.