Ние голем дел од мерките веќе ги комуницираме во јавноста. Бевме на настан во Велес кај што дел од мерките ги промовиравме. Очекувам во деновите коишто следат тие мерки да зафатат корен и да станат атрактивни за граѓаните, а во периодот којшто следи уште многу мерки од програмата која што ја работи тимот во ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат на јавноста искомуницирани, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање околу економските политики кои планира ВМРО-ДПМНЕ да ги спроведе после формирањето на новата влада.
Мицкоски исто така додаде дека победничката програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде таа која што ќе ја трансформира Македонија на подобро.
„Очекувам дека победничката програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде идна програма на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со која што ќе ја трансформираме кон подобро Македонија“, потенцираше Мицкоски.