МИЦКОСКИ: Ќе победиме на изборите! За Законот за ЈО добиваме обвинувања од незрели луѓе!

/ 29.06.2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи во вестите на Канал 5 телевизија денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да му излезе во пресрет на Заев и да му ги исполни двете желби, едната е да биде министер за финансии, да си даде оставка од премиерското место и истовремено за 100 дена од сега да организираме предвремени парламентарни избори и еве да видиме дали ќе му се исполни втората желба да не смачкал на избори.

-Ние се базираме на принципиелна политика, политика која што се темели на проекти и реформи со што ќе победиме на тие избори, додаде Мицкоски.

Што се однесува до законот за Јавното обвинителство би можел да кажам дека сите тие обвинувања се незрели од луѓе кои што видовме каде ја доведоа Македонија и во каква насока се движи Македонија во овој момент, ова денеска во интервју за телевизија Канал 5 го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Тие луѓе кои што ја обвинуваат опозицијата практично сакаат да го искористат законот ваков каков што е се со една цел а тоа е да ја нападнат ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ги гледате анкетите на следните избори ќе доживеат дебакл и народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги порази и единствен начин како да се спасат е да донесат на сила еден ваков закон и да го искористат за политичка пресметка со опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ формираше внатрепартиски тимови и тие ќе работат во рамките на правната комисија со цел креирање на еден закон кој ќе го опфати компаративното применливо европско право и препораките на европскиот суд за човекови права, вели Мицкоски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ е загрижено што во оваа држава нема реформи, во оваа држава треба да се врати владеењето на правото и да се вратат демократските процеси.

-Да се стави крај на злоупотребата и на обвинителството и на судството. ВМРО-ДПМНЕ во најскоро време ќе испорача еден таков производ, нов закон јавното обвинителство и јавноста ќе може да го спореди со овој кој го предлага јавноста, рече Мицкоски.


Од истата категорија