Сведоци сме изминативе денови, со кои луѓе се уортачиле во овој бизнис и јавноста е сведок, така што единствено европско за нив во случајов и проамеричко е тоа што ги предаваат националните интереси на македонскиот народ. Но кога станува збор за бизнис, за коцкање и слично, тогаш нема проблем да се уортачат со луѓе коишто се на црната листа на САД и да си тераат бизнис, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Кисела Вода која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“ одговори на новинарско прашање за коментар околу законот за игри на среќа кој власта го турка со европско знаменце.
Мицкоски додаде дека за ваквите постапки со злоупотреба на европското знаменце на владата треба да бидат коментирани од европските претставници.
„Ценам дека злоупотребата на европското знаме уште еднашка треба да биде коментирана од европски претставници, иако и од нив не очекувам премногу. Претпоставувам една до две изјави ќе кажат и потоа ќе грчат рамења и ќе кажат ние толку можеме, оваа влада е таква каква што е, а ние знаеме дека не е баш така и дека оваа влада и овие луѓе бидејќи ја немаат поддршката од народот и легитимитетот од народот, единствен фактор на влијание се тие пред коишто коленичат на дневна основа“, потенцираше Мицкоски.