Имаме една состојба каде што нема државата своја мафија, туку мафијата има своја држава. Затоа луѓето ја изгубија довербата во системот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија додавајќи дека граѓаните имаат изгубено доверба во системот, а државата оди во провалија бидејќи со неа владеат најкриминални и најкорумпирани и затоа потребни се предвремени избори и ресетирање на системот.
-Довербата во институциите е загубена и не постои бидејќи не владее правото, туку владеат криминалци. Еве во тек од едно деноноќие изгореа автомобил на обвините, бараки ја јавно претпријатие од Град Скопје и ако е точна информацијата опожарено возило на претседател на комора за енергетика – рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека треба граѓаните да ги извлечеме од оваа летаргија и да ја вратиме довербата во институциите.
-Огромно мнозинство од граѓаните живеат лош, живот, луѓето се разочарани демотивирани. Во институциите владее недисциплина, нема кој да дојде со стратегија и визија и затоа ни е потребно да го ресетираме системот и да почнеме од почеток. Вака не оди, одиме во слободен пад и провалија. Во овие луѓе нема капацитет, резултатите говорат, најкорумпирани и најкриминални, најлошо со ковид кризата, катастрофа во образование – изјави Мицкоски.
Мицкоски ја повика власта да се охрабри и да излезе на избори, бидејќи државата повеќе не смее да тоне. Според него на предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 15-20 пратеници разлика.
Тој се осврна и на ставовите на бугарскиот премиер Петков. Мицкоски рече дека прво, Петков деновиве во интервју за бриселски Политико, откако е избран за премиер, односно сега вели дека не постои политичар кој веднаш ќе потпише договор со Македонија бидејќи неговата влада ќе падне веднаш. Или како што рече, ако направите профил на неговата личност храброста не му е карактерна особина.
Второ, рече Мицкоски, тој исто вели остануваме на ставовите за историските проблеми истите ги надградуваме и засилуваме.
-Тој значи има ултра тврда позиција, а нашиве политичари тоа го поздравуваат – вели Мицкоски.
Според него тоа е најголемиот проблем што државниот врв нема конзистентна политика.
-Ако имаме вакви политичари кои на дневна основа ја нарушуваат нашата позиција, не правиме ништо. Најголем проблем на нашиот државен врв е што немаат конзистентен став. Нивните ставови се како пластелин и во тој случај народот губи – рече лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Мицкоски.
Што се однесува до новиот лидер на СДСМ, Ковачевски, Мицкоски истакна:
-Од тоа што го слушам во јавноста политиките што ќе ги води се исти. Јас не видов тој да каже ова ќе го работам, од ова ќе се оградувам. Првиот впечаток е дека тој, Димитар Ковачевски се поклонува на заевизмот и политиките на Заев. Ако тој е слеп поклоник на политиките на заевизмот тогаш се е исто. Погледнете каков декор е. Каков декор беше на средбите со Заев во Елбасан – рече Мицкоски.
Според него сега нема ништо ново, туку само слеп поклоник и послушник на политиките на Заев.
-Затоа и за него ќе биде добро да излезе на избори. Добро ќе биде за него да излезе од сивилиото на Заев и да побара поддршка од граѓаните, да излезе на избори и да каже што ќе работи и да граѓаните да кажат што мислат за програмата и тоа што мисли да го работи – посочи Мицкоски.