Тодор Конески од УМС на ВМРО-ДПМНЕ денес е избран за потпретседател на YEPP, младината на Европската народна партија (EPP), информира премиерот и лидер на владејачката партија, Христијан Мицкоски.
-Тодор честитки за изборот и ја имаш поддршката да се бориш за интересите на младите и знам дека достојно ќе ја претставуваш нашата партија и Македонија, вели Мицкоски.