Јас ќе се изненадев ако некој од нив донесеше нова фабрика, ова не ме изненадува. Како да ви кажам, Ковачевски може и на чело да напише двојазично, тројазично, петтојазично нели, јас ќе се изненадев ако донесеа нова фабрика, да креираа нови работни места, да пораснеше економијата, да имаше повеќе пари, тоа ќе ме изненадеше. Да немаше скандали, тоа би ме изненадило, тоа не го очекувам, би ме изненадиле ако направиле нешто добро. Колку автобуси денеска спречија да заминат од Струмица, од Виница од Тетово и од Гостивар? Млади кои ја напуштаат државата, тоа мене ме интересира, дали имаме нова фабрика која денес отвори 500-600. 700 или 1000 работни места како што е тоа случај во соседството. Тука ќе ме изненадат, да реализираат некој проект нешто добро да направат, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Само вистина” која вечерва се емитува на Канал 5 телевизија.
Мицкоски додаде воопшто не се изненадува на ваквите работи затоа што се махери во тоа, инаку би бил изненаден доколку реализираат некој проект од оние кои цело време ги најавуваат.
Во врска со обвинувањата на СДСМ за набавка на 100 електрични автобуси, порачувајќи им дека доколку е грев тоа што оди по светот и бара фабрика да инвестира во Македонија се со цел подобрување и на квалитетот на живот на скопјани и на подобрување на квалитетот на воздухот, тогаш веднаш да го уапсат и воопшто да не чекаат.
Ако е грев тоа што сакаме да го подобриме комфорот на скопјани, квалитетот на животот на скопјани, да го подобриме квалитетот на воздухот, затоа што изминатите четири години буквално ништо не беше преземено, а кое тоа грев да одиме по светот и да бараме инвеститори кои што ќе отворат фабрика во Македонија, ќе вработат Македонци, ќе ги платат тие Македонци и од Македонија ќе извезуваат оваков тип на возила во Европа, тогаш да не чекаат веднаш да дојдат и да ме апсат, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски додаде дека задоволство за него и неговиот тим е и ако обезбедат и едно ново работно место, укажувајќи ако е тоа грев, тогаш признава дека е грешен.
Не да прават истраги, веднаш да дојдат да ме апсат, од студиото сега надвор да дојдат и да ми ги стават лисиците и да одам во затвор, ако е ова грев што го правам, грешен сум признавам, истакна тој.
Но знам дека и за мене и за тимот со мене што работи задоволство ако успееме да обезбедиме и едно ново добро платено место и еден мој дипломиран студент да го задржам во Македонија и да го предомислам кој што решил да ја напушти, веднаш после дипломирањето, ако е тоа грев веднаш да дојдат да ме апсат, ич да не чекаат, порача претседателот Мицкоски.