„Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западeн Балкан” објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

Тој напиша дека разговарале за стратешките аспирации на земјава и потребата Европската Унија да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси кои пречесто се оптоварени со билатерални пречки и спорови.

„Ја истакнав заложбата на Македонија за напредок на тој план како и нашите позиции во однос на надминување на пречките со источниот сосед.
Македонија заслужува да биде член на европското семејство” додаде Мицкоски.