Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ, говорејќи за политичката партија Левица истакна дека граѓаните треба да ја знаат вистината, за тоа што од таа партија манипулираат со измами како што лажеа дека не купиле деловен простор или велат дека се неподмитливи, а земаат пари од разни страни.

„Она кое можам сека да кажам е дека ревизорот треба да се позанимава со кеш трансакциите од сметката на политичката партија Левица до членови на највисокото раководство на левица. Бидејќи ние политичките партии добиваме пари од буџетот, така се финансираме на еден начин и донации од членови и активисти. Парите од буџетот ги плаќаат граѓаните за јавни политики не за материјали и патни трошоци“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека ако вие како политичка партија ги напаѓате вашите колеги пратеници за тоа што добиваат патни трошоци во Парламентот, тогаш се поставува прашањето зошто вие во вашата партија сте си исплаќале патни и материјални трошоци за тоа што сте го добивале од граѓаните и буџетот.

„Така што онаа теза Робеспјеровска дека се неподмитливите, паѓа во вода. Гледате какви скандали прават пратеници од Левица. Има во сообраќајна несреќа две лица повредени, да оставиме обвинителството да покаже, но факт е дека има две лица повреди во сообраќајна незгода со пратеник од редовите на Левица. Мора граѓаните да ја знаат вистината, не може од една страна да напаѓате, а од друга страна да злоупотребувате и да мислите дека ќе остане неказнето. Велеа дека нема врска оној деловен простор, за потоа да видиме од записник доставен до нас од нивното најтесно претседателство како договараат со една од банките да земат кредит, па потоа да го купат на попуст на лицитација, па добро било да не се објавува банката затоа што имала репутациски ризик.“, нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека левица со измама се обидуваат да манипулираат и ги слабеат позициите на граѓаните, овие измамници се се, ама не се неподмитливи, затоа што ниту имаат реална програма, план и стратегија и визија, туку се служат со манипулација.

„Допрва ќе следат, од тоа што сега се охрабруваат членови од нивната партија, ќе следат докази, за да сфатат граѓаните дека се се, само не тоа што се претставуваат.“, изјави премиерот Мицкоски.