Економската состојба во државата е се потешка, економијата колабира. Нема ништо од она што го нарекуваа блескање и одење напред, се повеќе луѓе остануваат без своите работни места без перспектива и без иднина. Бизнисот трпи големи штети , владата е без сериозен концепт и стратегија за развој. Навистина треба да се отвори јавна дебата за делотворноста на дел од мерките кои се преземаат бидејќи бројот на сега заболени од корона вирусот е ист онаков како и пред воведување и имплементација на самите мерки. Но штетите за два месеци криза со корона се огромни , тие сигурно ќе беа помали доколку државата ја дочекаше оваа криза во економски солидна состојба како што велеа дека блескаме а во суштина сме се движеле во амбис. Потрошија 120 милиони евра во првите три месеци насочени кон обид за корумпирање на изборите кој што требаше да се одржат на 12 Април, изјави денеска на прес-конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:
„Парите се потрошија но стопанството не го виде бенефитот а денес за многу помалку владата моли кредитори да позајми . Денес Македонија како онаа во 90-тите доживува втора транзиција има и неспособност но и криминал кој допрва ќе се расветлува. Хибридниот режим кој релевантни фактори го печатираат за држава покажа дека имаме слаб систем угушен во криминал и корупција а денес она што е најважно освен заштита на здравјето на луѓето е како економски да застанеме на нозе . Најпрвин ќе ве потсетам во декември месец 2019 година тогашниот претседател на владата господинот Зоран Заев во парламентот на пратеничко прашање ќе даде одговор дека економијата блеска и дека резултатите се историски.“
Понатаму додека се приближува Ковид 19 вирусот кон Европа не убедуваат дека буџетот е ликвиден дека блескаме и дека никогаш не било подобро. Не само Зоран Заев тогаш како претседател на СДСМ туку и ресорниот министер за финансии но и потпретседателот на владата задолжен за економски прашања. И сето тоа ќе трае до кај 20- 21 март 2020 кога ќе се соочат со вистинската реалност дека не само што не блескаме туку и државата се движи во амбис ,кога ќе се соочат со суровата реалност на нивните порази во економијата и неспособноста која што во изминативе три години ја генерираат.
На денешната прес конференција сакам да презентирам четири индикатори кои јасно ставаат до знаење дека економијата не само што не блеска, туку економијата се движи директно кон амбис, а тоа најмногу го чувствуваат граѓаните и економските оператори кои што практично ги чувствуваат сериозно последиците од Ковид-19 вирусот а без сериозна поддршка која треба да им ја даде Владата. Имено, најпрвин ќе го коментирам индустриското производство, вели Мицкоски и подвлекува:
„Индустриското производство, почитувани сограѓани во март месец 2020 година е за 13,4% помало од истиот месец во 2019 година, а за периодот од јануари месец до март месец 2020 година или првиот квартал од оваа 2020 година е за цели 3,7% пониско од истиот период во 2019 година.
Преработувачката индустрија пак, која што е најголем дел од индустриското производство, некаде околу 75%, во месец март 2020 година бележи пад од цели 14,3 проценти споредено со истиот месец во 2019 година. Периодот од јануари до март месец во 2020 година кај преработувачката индустрија е забележан пад од 2% споредено со истиот период од минатата година. Ова е во првиот квартал на оваа година месеците јануари и март. Можеме да замислиме што ќе се случува во најтешките месеци, во вториот квартал а тоа се месеците април, мај и јуни, додека повторно гледаме пресврт во ставовите на ресорниот министер и пресврт во ставовите на Зоран Заев дека повторно почнуваме да блескаме.“
-За истиот тој период, вториот индикатор вели дека бројот на работниците во индустријата во месец март е за 4,5% помал од бројот на работниците за месец март во 2019 година, а истиот тој број на работниците во периодот јануари и март во 2020 година во првиот квартал е за цели 3,6% помал од бројот на работниците во индустријата за истиот период во 2019 година. Третиот индикатор кој ќе го спомнам на денешната прес конференција е стоковата размена. Тоа е размената која што македонската економија ја има со економиите во светот. Имено, извозот оној кој што е најзначаен за македонската економија и за сите оние компании кои се извозни, во месец март 2020 година, повторувам во месец март 2020 година бележи рекорден пад од 26,6% споредено со истиот месец во 2020 година а во периодот од јануари до март 2020 година извозот бележи пад од 8% споредено со истиот период во 2019 година. И четвртиот параметар кој што сакам денеска да го презентирам пред македонската јавност се даноците кои што УЈП ги собира, потенцираше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:
„Зошто УЈП затоа што буџетот повеќе од 70 проценти од приходите кои што ги остварува ги остварува преку даноците кои што ги наплаќа Управата за јавни приходи и тука ќе анализирам два под индикатори. Станува збор за данокот на добивка и данокот на додадена вредност. Генерално најпрвин како вовед сакам да направам пресек на даноците кои што ги собрала и реализирала Управата за јавни приходи во периодот јануари-април 2020 година.
Имено, Управата за јавни приходи од тој период, од јануари до месец април 2020 година планирала да собере околу 31 милијарда денари, а реализирани се 24,7 милијарди денари или за 20 проценти помалку од планираното. Зборуваме за даноци кои што се однесуваат на последниот месец од 2019 година и на првите три месеци од 2020 година. Најтешкото допрва следи а тоа се месеците април, мај и јуни.“
Според Мицкоски овие даноци кои што ги прибрала Управата за јавни приходи се за 10 проценти помали за истиот период од 2019 година.
„Повторувам, даноците кои што се собрани преку Управата за јавни приходи за периодот јануари-април 2020 годна се за цели 20 проценти помали од планираните и за цели 10 проценти помали од собраните за истиот период во 2019 година. Како стои месецот април, планирани биле во април 2020 година да бидат собрани 8 милијарди и 900 милиони денари а реализирани или собрани се 5 милијарди и 600 милиони денари, или за цели 3,3 милијарди денари помалку или тоа е од прилика околу 55 милиони евра помалку. Тоа значи дека за 37 проценти Управата за јавни приходи во месец април успеала да собере помалку даноци споредено со планираното или за цели 29 проценти помалку од истиот месец во 2019 година.“
-Кога зборуваме за данок на добивка периодот од јануари до крајот на април 2020 година планирано било да се соберат 6 и пол милијарди денари, а се собрале 4, 4 милијарди денари или за цел 33 проценти помалку од планираното а 9 проценти помалку од истиот период минатата година. Доколку го слушате Зоран Заев ќе добиете бројки во милиони, но никако нема да ја слушнете вистината, бидејќи вистината е поразителна и за Зоран Заев и за СДСМ и за ресорните министри кои што се одговорни за економските политики на оваа влада. Во месец Април 2020 година, данокот на добивка бил планиран да се собере во висина од 2 милијарди и 317 милиони денари, а биле реализирани 1 милијарда и 436 милиони денари или за цели 38% помалку од планираното или за 3.5% помалку од истиот месец во 2019 година . Кога сме кај данокот на додадена вредност периодот од 1 јануари до крајот на април 2020 година, биле планирани да бидат собрани 18,4 милијарди денари, а биле реализирани 14,5 милијарди денари, или за 21% помалку од планираното или споредбено со истиот период во 2019 година за 14,5 % помалку . Само во месец април 2020 година биле планирани приближно 5 милијарди денари, а биле реализирани околу 2 милијарди 850 милиони денари или тоа е за цели 45% помалку од она што било планирано или за 43,5% помалку од тоа што било реализирано во 2019 година, вели Мицкоски и посочува:
„Ова се четири суштински индикатори коишто треба да ја вклучат ламбата, треба да ја вклучат сијаличката дека нешто не чини во економијата и дека треба да се менува. Дека треба да почнат да слушаат што говорат искусните, што говорат оние коишто поминале вакви кризи и успешно се справиле. Она што сакам денеска да го кажам сосема на крај е фактот дека додека буџетот слабо се полни, додека буџетот крахира и додека не убедуваат дека блескаме, а потоа одиме во амбис па повторно блескаме, безмилосно се трошат пари од истиот тој буџет, се реализира буџетскиот дефицит во вредност од 7,4 милијарди денари или приближно 120 милини евра во обид да се корумпираат гласачите во првите три месеци, а тоа коинцидира со периодот пред реализирањето на веќе одложените предвремени парламентарни избори.“
Мицкоски подвлече дека потребни се не само мерки туку и цел еден систематски план како да се излезе од кризата.
„ВМРО-ДПМНЕ предлагаше многу мерки кои или делумно со големо задоцнување се прифатија или беа целосно примитивно игнорирани. Бидете спокојни, затоа што за брзо ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди сеопфатен план од мерки како да се излезе целосно од кризата и како да се врати македонската економија на победнички патеки. Тоа е одговорно однесување затоа што сметам дека неодговорноста и несериозноста на Зоран Заев и неговите луѓе не водат како држава во амбис, а штетите во економијата во овој момент се навистина непоправливи. Без силна економија нема силна држава, за среќа овој темен и тажен период за нашата држава ќе заврши за неколку месеци, а тогаш не чека многу работа и подобри времиња. Ве уверувам дека ние тоа можеме да го направиме. Бидете спокојни ВМРО-ДПМНЕ има план за Обнова на Македонија и вистинска Македонија онаква каква што ние сакаме да ја имаме.“