Македонија стана дел од Единствената европска платежна област (SEPA – Single Euro Payments Area), информира премиерот Христијан Мицкоски.
-Тоа подразбира дека трансферот на дотациите на нашинците од дијаспората ќе биде веднаш, без застој и без дополнителни трошоци и провизии. Истото важи и за компаниите. Имплементацијата ќе започне од Октомври месец оваа година. Нека е со среќа, напиша Мицкоски.
Премиерот посочи: „Македонија е повторно ваша, на граѓаните“!