Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање денеска во Прилеп за тоа кој е неговиот став во однос на новите КОВИД мерки кои ќе стапат на сила од 15 август, вели дека ова се квази мерки кои што не само што нема да го заштитат здравјето на граѓаните туку и дополнително ќе направат поделби меѓу граѓаните.
Да, ги слушнав и не можам уште да се изначудам, навистина тоа потсетува на едни минати времиња пред 40 и 50 години кои што светот ги памети а не само Македонија, бидејќи ваков начин на поделба на граѓаните е незапаметен во модерното човечштво. Апсолутно ги отфрлам овие мерки кои што се таканаречени квази мерки кои што, не само што немаат цел да го заштитат здравјето на граѓаните, туку дополнително да воведат поделба меѓу македонските граѓани. Овие мерки имаат единствена задача, практично да воведат една таканаречена вештачка непримерна контрола, ќе го уништат оној бизнис кој што колку толку започна да функционира, ќе донесат еден вид фрустрација кај граѓаните, посебно оние кои што имаат уставно загарантирано право да изберат дали да се вакцинираат или да не се вакцинираат иако јас лично сум би рекол за имунизација по пат на вакцинацинирање, вели Мицкоски.
Но да сумирам, ова е само последица на причината, а причината е што касно почнавме со таа имунизација и денеска ни се случува ова што ни се случува, носење на вакви квази мерки кои што немаат никаква врска со медицината, ниту заштита на здравјето туку дополнително ќе го фрустрираат населението и ќе го поделат. Јас апсолутно сум на страна на оние граѓани кои што масовно изразуваат негодување против овие квази мерки кои што ги донесе би рекол оваа неспособна влада на СДСМ, рече Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ