Вечерва во седиштето на партијата заседава Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според информации од партијата кои ги објавува Курир, на седницата станало збор и за можните комбинаторики за идно коалицирање.
Комитетот едногласно го овластил Христијан Мицкоски да преговара за идно коалицирање и обезбедување на мнозинство.
Мицкоски во обракањето пред членовите на ЦК изјавил дека ќе направи сè што е во негова моќ да обезбеди мнозинство за состав на новата влада, но власт не по секоја цена.
-Црвените линии се нашите принципи и вредности во кои веруваме а врз кои поцива идејата за вмро и современата македонска држава, изјавил Мицкоски за довил поддршка од присутните изразена преку аплауз.