Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „ Вечер Прес “кажа дека на политичката сцена во Македонија има голем број на естрадни политичари кои единствено манипулираат со граѓаните и не и мислат добро ниту на опозицијата ниту на државата.
Мицкоски потенцираше дека е убеден дека времето на таканаречени естрадни политичари е завршено бидејќи има партии меѓу кои и ВМРО – ДПМНЕ кои чекаат шанса и поле за докажување и за унапредување на државата во секој поглед.
-Тоа се луѓе кои без одговорност и без никаква суштина се обидуваат да манипулираат што повеќе луѓе, а зад таквото нивно естрадно однесување, стојат други центри на моќ, кои што не ѝ мислат добро, пред сè на опозицијата, но и на Македонија. Јас сум убеден дека времето на естрадни политичари и на политички измамници е завршено, бидејќи во јавноста оставаат впечаток дека сите се исти, а не се сите исти. Затоа јас лично и ВМРО-ДПМНЕ велиме дајте ни шанса да покажеме дека добрите времиња за нас како држава допрва доаѓаат рече Мицкоски.
Дополнително претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски потенцираше дека локални избори што доаѓаат се од голема важност и дека не се обични локални избори токму поради фактот затоа што тие решаваат дали владата на Зоран Заев ќе остане или ќе си оди.
-Не се сите естрадни политичари да говорат без одговорност што ќе им дојде, а во суштина да се потчинети на некои други центри на моќ, кои не и мислат добро ни на опозицијата ни на државата. Затоа јасно и гласно кажувам дека на следните локални избори во најголема мера изборот е помеѓу оваа Влада на Зоран Заев да остане или да си оди, ова не се обични локални избори заврши Мицкоски