-Се згрозувам на тоа како на наши пратеници им приоѓаат луѓе кои се преставуваат во име на СДСМ, им нудат привилегии, пари, амнестии… Брутално згрозување. Тоа е иднината која ни ја нуди СДСМ. Лично ви кажувам дека неколкумина пратеници веќе имаат искуство и на кои им го нудат ова, и на крај им нудат и средба со раководството на СДСМ. Се разбира, тие обиди се брутално одбиени, изјави Мицкоски во интервјуто за Сител.

Тој истакна дека поради поддршката од Извршниот и Централниот комитет на партијата, како и од останатите тела на партијата, останува на висина на задачата како ретседател на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се бори за состав на ново парламентарно мнозинство.

“Би бил кукавица доколку во вакви моменти се повлечам, тоа не е својствено за мене. Останувам фокусиран на предизвиците кои следат, останувам фокусиран на членството и внатрепартиската катарза која што следи во ВМРО-ДПМНЕ, како и на напорите за формирање ново парламентарно мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија, туку идеологија и водилка на македонскиот народ и моја огромна чест е да бидам на чело на ВМРО-ДПМНЕ”, вели Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ се ослободува од последниот товар од поранешни функционери на партијата кои во овие моменти работат здружено против партијата, но тоа само покажува за стравот и очајот кои ги има во тие луѓе. Таквото однесување не наидува на поддршка ниту кај членството, ниту кај граѓаните на Република Македонија и тоа е она кое што е најважно во моментот, заврши Мицкоски.