Следните избори се суштински за иднината на Македонија и на нив пред вас ќе има три опции. Првата опција ќе биде оваа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Втора опција ќе биде коалицијата која ќе ја предводи Али Ахмети, ДУИ, а која ќе ја поддржува СДС. Трета опција се оние кои ќе ви зборуваат тоа што сакате да слушнете, кои ќе кажуваат она кое мислите дека е исправно, а тие ни од далеку не може да го испорачаат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешното обраќање во Ѓорче Петров.
Мицкоски истакна дека тоа се платени патриоти и лажни популисти кои откако ќе ги излажат граѓаните ќе ги бројат жолтиците кои Али Ахмети и ДУИ им ги имаат избројано.
– Се со цел да ги разделат антивладините гласови, да ги разделат гласачите кои не се сложуваат со политиките на оваа влада, за да може коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да биде помала и да може утре да бидеме тие кои ќе прават компромиси при формирање на идната влада, а не сакаме да ги правиме како компромиси, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека затоа одговорноста е нас сите нас, дека секој еден е важен и потребна е масовност, затоа што со седење дома се дава поддршка на ДУИ и СДС.
– На следните избори ќе заокружувате за Македонија или ако останете дома за коалицијата на ДУИ поддржана од СДС, тогаш не за Македонија. Нема друга опција. Или ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата или ДУИ, Али Ахмети поддржан од Димитар Ковачевски и тоа што ќе остане од СДС, рече Мицкоски.
Мицкоски упати порака и до сите членови и симпатизери на СДС кои не се согласуваат со политиките на малкумината кои се дел од раководството на СДС во овој момент кои свесно ја уништуваат пљачкаат Македонија.
– Ви даваме рака придружете се, застанете на следните парламентарни избори со вистинската опција, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи. Секој граѓанин во Македонија го повикуваме да застане околу македонското национално единство. Нашата партија е демократска партија за македонско национално единство, само така ќе дојдеме до мнозинство во Парламентот, до реформски политики за подобро здравство, за образование какво што нашите најмили кои што ги гледав денеска го заслужуваат, за пензионерите кои што ќе имаат достоинствен пензионерски живот, за младите не да ни се селат туку да ни останат овдека, за невработените да најдат достоинствена работа, за вработените да имаат подобри примања, за Македонија да има повеќе, нагласи Мицкоски.