Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оствари првата официјална средба со новата американската амбасадорка Кејт Мери Брнс, информираат од партијата.
Мицкоски и посакал добредојде на амбасадорката и изразил надеж дека соработката во текот на нејзиниот мандат ќе биде во насока на подобрување на стратешките односи помеѓу Република Македонија и САД.