Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Марија Митева и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски остварија средба со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Хулман.
На средбата се разговараше за идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на идна стабилна Влада и беше потенцирана силната посветеност на ВМРО-ДПМНЕ која како идна влада ќе се посвети на трите главни постулати – борба против криминалот и корупцијата, забрзан економски развој и реформите неопходни за евриоинтегративниот пат на Македонија.
Претседателот Мицкоски се заблагодари на амбасадорката за поддршката која Швајцарија и ја пружа на Македонија од осамостојувањето до денес и со сигурност се потврди и соработката која ќе се продлабочува и проширува во иднина.
