Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски денеска остварија средба со амбасадорката на Република Грција во Македонија, Софија Филипиду.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања, како и економската состојба.
Мицкоски на средбата истакна дека евроинтеграциите на Македонија мора да бидат врз основа на мерливи Копенхашки критериуми, а не врз основа на понатамошни поткопувања на македонскиот идентитет.
Во врска со уставните измени, претседателот Мицкоски потенцираше никој нема добиено мандат на избори за истите и дека ВМРО-ДПМНЕ, но и мнозинството граѓани се против и додаде дека уставните измени се уцена која не и дава на Македонија никакви гаранции дека нема да има нови блокади во иднина.
Во однос на економијата, Мицкоски посочи дека државата е пред целосен колапс со инфлација највисока во Европа и граѓани кои секој ден остануваат посиромашни бидејќи власта не е способна да ги заштити и не носи соодветни мерки.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека власта единствено поле на кое е успешна е во креирањето криминал со коруптивни скандали на дневно ниво. Мицкоски нагласи дека за излез од ситуација потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.