Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот, Тимчо Муцунски денеска остварија средба со хрватската државна секретарка за европски работи Андреја Метелко-Згомбиќ.
На средбата се разговараше за македонскиот евроинтеграции, актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и билатералната соработка на Македонија со Хрватска.
Претседателот Мицкоски истакна дека за патот на Македонија во Европската Унија треба да важат истите услови како и за сите членки досега, односно да важат Копенхагеншките критериуми, а не само за земјава да важат двојни стандарди.
Во врска со уставните измени, Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на македонскиот Устав под бугарски диктат и уцени, како и тоа дека членството во ЕУ не треба да ги загрози македонските државни и национални интереси.
На средбата беше потенцирана и соработката помеѓу двете држави поддршката која Хрватска и ја дава на Македонија, воедно беше посочено дека постои простор за уште поголема и подлабока соработка во иднина откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада во Македонија.