Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.
Мицкоски се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.
ТВ21 ги праша „Вреди“ што се разговарало на средбата, и зошто не биле присутни другите лидери, а од таму добивме одговор сепак лидерите се во целосна координација.
„Поставена е агенда за совладеење, главно насочена кон борба против криминалот и корупцијата. Сите лидери се во целосна координација за средбата, но имаа активности на терен бидејќи се носители на листи во областите“, велат од Вреди за ТВ21.